Амазонските автохтони групи формираа меѓународен фонд за борба против коронавирусот

Од:

Автохтоните групи од девет земји на амазонскиот басен вчера повикаа на собирање донации за заштита на трите милиони жители на прашумата, загрозени од ширењето на новиот коорнавирус, бидејќи немаат адекватен пристап до здравствената заштита.

Тие соопштија дека неуспехот на регионалните влади да ги разгледаат потребите на автохтоните народи во нивните планови за сузбивање на пандемијата ги присилуваат на изнаоѓање други начини за купување храна, лекови и основна заштитна опрема, како што се заштитните маски.

Со Амазонскиот фонд за итни случаи се сака во следните две недели да се соберат три милиони долари и во текот на следните 60 дена оваа сума да нарасне до пет милиони долари, изјавија организаторите на Координациското тело на автохтоните народи на амазонскиот басен (КОИКА) преку видеоконференциска врска.

-Не можеме да чекаме на нашите влади…. Се наоѓаме во опасност од изумирање, изјави Хосе Грегорио Диаз Мирабал, главен коороднатор на КОИКА и припадник на венецуелската етнилка група Вакуенаи Курипако.

Коронавирусот веќе има заразено 180 од вкупно 600 автохтони племиња на амазонскиот басен и досега за еден месец ја предизвика смртта на 33 нивни припадници, изјави Диаз Мирабал.

Фондот ќе го спонзорира американската фондација „Дождовни шуми“ (Reinforest US), невладината организација која делува за заштитата на џунглата во Северна и Јужна Америка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил