Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун го назначи Абделазиз Џерад на премиерската функција, соопшти претседателството.
Џерад, кој е доктор по политикологија, „доби мандат да состави нова влада“, се наведува во соопштението.
Тој го замени министерот за надворешни работи Сабри Букадум, кој беше назначен за времен премиер по оставката на Нуредин Бедуи на 19 декември, кога Тебун ја презеде должноста шеф на државата.