Алжирскиот претседател Бутефлика префрлен во болница во Франција

Од:

Алжирскиот претседател Абделазис Бутефлика е префрлен во болница во Франција, пишуваат европските агенции и медиуми, повикувајќи се на неидентификувани извори од една приватна болница во Гренобл.

Во извештаите нема никакви детали за причината за хоспитализирањето на Бутефлика, ниту за неговата здравствена состојба.

Алжирскиот претседател кој има 77 години лани претрпе мозочен удар, по што неколку месеци помина во Франција, на лекување и на терапија.

По враќањето од долгото лекување, тој се врати во Алжир и учествуваше во претседателските избори, освојувајќи го четвртиот едно по друго мандат.

Бутефлика на гласањето беше доведен во инвалидска количка и не даде никаква изјава, па опозицијата ги прогласи изборите за невалидни и за наместени, инсистирајќи дека тој не е е здравствено способен да управува со земјата.

Бутефлика е ветеран на алжирската политичка сцена уште од времето на антиколнијалната борба, што заврши во 1962 година. Долго време беше министер за надворешни работи, а претседател прв пат е избран во 1999 година по долгата граѓанска војна во оваа северноафриканска земја.

Во 2005 година тој беше на лекување во Франција, но не беа дадени детали за какви проблеми стануваше збор.

Алжирската Влада засега не ги коментира пишувањата на европските медиуми, но владејачката алжирска ФНЛ партија ги отфрли тврдењата дека претседателот Бутефлика е болен и на лекување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он