Алжирскиот претседател Бутефлика преживеа „мини мозочен удар“

Од:

Претседателот на Алжир Абделазис Бутефлика итно е префрлен на лекување во Париз, откако преживеа „мини мозочен удар“. Според изјавата на алжирскиот премиер Абделмалек Селал, „нема основа за загриженост“ околуздравјето на шефот на државата.

Еден владин функционер чиј идентитет не се открива,за домашните медиуми изјави дека Бутефлика има „привремена блокада на еден крвен сад во главата, што обично се нарекува мини мозочен удар“. Но истиот овој извор рекол дека се очекува 76-годишниот претседател бргу да се опорави.

Алжирскиот претседател е сместен во една угледна париска воена болница, каде обично одат на лекување високи француски функционери и познати јавни личности, како и познати странци.

Медиумите во алжирскиот главен сепак коментираат дека состојбата со претседателот, по се изгледа не е така едноставна и тоа се објаснува со итното префрлање „заради тестови и проверки“ во францускиот главен град. Пред неколкугодини, Бутефлика во Париз беше опериран од канцер на внатрешни органи, иако официјално тој беше лекуван од стомачен чир.

Алжирскиот претседател подолго време е со нарушено здравје, но во Алжир се верува дека и покрј тоа, тој идната година, по четврти пат, ќе се кандидира за уште еден мандат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он