Алжирската крајбрежна стража спаси 13 мигранти од потонат брод

Од:

Алжирската крајбрежна стража вчера спаси 13 илегални мигранти од потонат брод и извлече четири беживотни тела, соопшти денеска Министерството за одбрана на Алжир.

Во соопштението не се наведува националноста на жртвите, но најчесто се работи за Алжирци кои се обиделе преку Средоземно Море да стигнат до Европа.

Според податоци на алжирското Министерство за одбрана од почетокот на година 4.704 мигранти се пресретнати, од кои половината во текот на септември.

Во 2020 година алжирската крајбрежна стража пресретнача над 8.000 мигранти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он