Алжирската армија во судирите уби 12 милитанти, запленето оружје

Од:

Алжирското Министерство за одбрана потврди дека алжирската армија во текот на последните два дена убила 12 милитанти, вклучувајќи и тројца барани криминалци, во провинција во близина на главниот град. Министерството истакнува дека милитантите биле убиени за време на борбите што избувнаа во петокот и саботата на просторот на провинциите Члеф и Бумердес. Исто така се вели дека по судирот запленето е значително количество оружје.

Да потсетиме дека во Алжир во јануари оваа година се случи киднапирање на работници од нафтена постројка при што загинаа најмалку 38 работници. Алжирските власти истакнуваат дека милитантите од повеќе африкански држави се движат со леснотија преку границите. За самиот напад се уште малку се знае. Канадските власти испратија луѓе до Алжир за да ги испитаат наводите дека меѓу терористите биле и канадски државјани. Извор близок до истрагата вели дека не успеале да добијат пристап до клучните документи.

Алжирските власти истакнуваат дека нивната земја ќе мора да најде нови начини да се “справи со реалноста” без отстапуваат од долгогодишната доктрина на немешање во странски воени интервенции и судири. “Алжир нема да испрати војска во Мали, тоа едноставно нема да се случи”, изјави алжирскиот официјален претставник. “Но, мора да пронајдеме начини како да ги здружиме силите во борбата против Ал Каеда”, рече тој.

Би можело да ве интересира

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он

Алжир осуди 49 лица на смртни казни поради линч на лажно обвинет за шумските пожари