Алжирските војници го опколуваат регионот во источниот дел на земјата каде исламистите држат 41 странски заложници, пренесе Би-Би-Си.
Според извештаите, во текот на ноќта имало судири меѓу армијата и грабнувачите.
Екстремистите соопштија дека земале 41 заложници.
Според алжирското Министерство за надворешни работи, нивниот број е помал.
Меѓу заложниците има Американци, Британци, Јапонци и граѓани на други држави.
Алжир соопшти дека владата не води преговори со исламисти.