Неколку илјади луѓе протестираа во Алжир против претседателските избори закажани за 12 декември, како и поради предупредувањето од Генералштабот на вооружените сили за „подривања“ на изборниот процес.
Тоа е веќе 32-ти петок демонстрантите да се на улиците на главниот град, извикувајќи „Нема гласање“ или „Оди си!“ наменети за привремениот претседател Абделкадер Бенсали и премиерот Нуредин Бедуи.
Алжирскиот претседател Абделазиз Бутефлика поднесе оставка на 2 април под притисок на протестите и војската. Протестното движење се противи и на избор на наследник на Бутефлика доколку претходно не си заменат функционери поврзани со сегашниот државен систем.
Началникот на Генералштабот, генерал Ахмед Гаид Салах, во четвртокот предупреди дека согласно законот, ќе бидат применети казни за какво било „подривање“ на изборниот процес.
Претседателските избори првично беа закажани за 4 јули, но беа одложени затоа што не се пријави ниту еден кандидат.