Граѓани незадоволни од ранг листата за добивање на социјални станови, се судриле со полицијата на истокот на Алжир, при што биле повредени околу 52 лица.
Толпа луѓе ја испразниле канцеларијата на градоначалникот во местото Боџ Бу Арериџ.
Во болница биле пренесени 52 лица, од кои 43 демонстранти и девет полицајци.
Демонстрантите се собрале пред зградата на општината со транспаренти на кои пишувало „Го бараме нашето право за сместување“ и „Долу корупцијата“, а полицијата одговорила со солзавец и ги протерала.
-Објавивме листа од 935 имиња. Демонстрациите избија бидејќи социјални станови бараа повеќе од 26 илјади луѓе – изјави локалниот функционер Мамун Белмух.
Елена Георгиевска