Алжир, колонијализам и Шарли Ебдо: Долго чеканото време доаѓа?

Од:

Ал Баваба – Аман, Јордан

Алжир. Многу пред да се открие идентитетот на осомничените убијци од страна на француската полиција – дури и пред да ги слушнеме имињата на Шериф и Саид Куаши, во главата ми се вртеше зборот Алжир. Кога конечно ги слушнав имињата и ги видов лицата, пак го изговорив зборот Алжир. И потоа француската полиција објави дека двајцата мажи биле со „алжирско потекло“.

Алжир останува можеби најболната рана во политичкото тело на републиката – да се зачува, можеби, заради своето продолжено самоиспитување по нацистичката окупација – и тоа дава бестрашен контекст за секој чин за арапското насилство против Франција. Шестгодишната војна за независност во Алжир, во која можеби еден и пол милион арапски муслимани и повеќе илјади французи мажи и жени загинаа, останува незавршена и нерешена агонија за двата народи. Пред само нешто повеќе од половина век, заради неа можеби ќе започнеше и француска граѓанска војна.

Можеби сите весници и телевизиски извештаи треба да имаат „историски агол“, мал потсетник дека ништо – апсолутно ништо – не се случува без минатото. Масакри, крвопролевања, гнев, тага, полициски рации („проширувања“ или „стеснувања“, како што милуваат уредниците да наведат) се гледаат во насловите. Секогаш се „кој“ или „како“ – но ретко „зошто“. Земете го предвид злосторството против човештвото кое се случи во Париз – зборовите „злосторство“ и „варварство“ во извесен смисол го засенија дивјачкото во овие чинови – и веднаш потоа.

Ги знаеме жртвите: новинари, карикатуристи, полицајци. И како тие беа убиени. Маскирани убијци, со калашников автоматски пушки, безмилосно, со речиси професионална ноншалантност. А одговорот на „зошто“ беше дополнително обезбеден од убијците. Тие сакале да го осветат „Пророкот“ од бесчувствителните и (за муслиманите) многу навредливи карикатури во Шарли Ебдо. И се разбира, сите мораме да ја повторуваме мантрата: ништо – и никогаш – нема да ги оправда овие сурови чинови на масовни убиства. И не, убијците не можат да се повикуваат на историјата за да ги оправдаат своите злосторства.

Но постои важен контекст дека некако ни се измолкна од приказната , „историскиот агол“ дека многу Французи, но и Алжирци, избираат да ја игнорираат: крвавата војна 1954-1962 на цел еден народ за слобода од бруталниот империјален режим, долгата војна која се до денес останува јаболко на раздорот помеѓу Арапите и Французите.

Очајната и перманентна криза во алжирско-француските односи, како одбивањето на двојка која се разведува да прифати дека им е жал, ја труе соработката на овие два народи во Франција,. Сепак, Шериф и Саид Куаши ги оправдаа своите дела, тие биле родени во време кога Алжир беше видливо осакатен од 132-годишната окупација. Можеби пет милиони од шест и пол милиони муслимани во Франција се Алжирци. Повеќето се сиромашни, мнозина се чувствуваат за второкласни граѓани во земјата на еднаквоста.

Како и кај сите трагедии, Алжир добива објаснување само во еден пасус во изданијата на новинските агенции, а дури и пократка историја и во двете страни откако Французите го напуштија Алжир во 1962 година.

За разлика од другите француски територии под нејзина надлежност или колонии, Алжир беше сметана за интегрален дел на урбана Франција, и испраќаше претставници во францускиот парламент во Париз, па дури и му обезбедуваше на Шарл Дегол и на сојузниците француски „капитал“ со кој беше изврешена инвазија врз од нацистите окупираната северна Африка и Сицилија.

Претходно, повеќе од 100 години самата Франција изврши инавазија врз Алжир потчинувајќи го тамошното домородно муслиманско население, градеше мали француски градови и замоци, па дури – на почетокот на католичката ренесанса во 19-иот век со која требаше да се христијанизира северна Африка – ги претвораше и џамиите во цркви,.

Одговорот на Алжирците за она што деке излегува дека е мноструозен историски анахронизам варираше во минатите децении помеѓу апатија, колаборацијата и бунтовништвото. На демонстрациите за независност во муслиманско доминантниот и националистички град Сетиф на „Денот Ве“ – кога сојузниците ги ослободија заробените држави во Европа – резултираше со убиство на 103 европски цивили. Одмаздата на француската влада беше безмилосна: околу 700 муслимани цивили – можеби и далеку повеќе – беа убиени од збеснатите француски „колонисти“ и со бомбардирање на околните села од француските авиони и од воените крстарици. Светот обрна малку внимание на ова.

Но кога сеопштото востание избувна во 1954 – се рабира, прво со заседи и со само неколку франциски жртви и со напади врз француската војска – партизанската војна на алжирското ослободување беше скоро предоредено. Победена во таа класична поствоена антиколинијалистичка борба кај Диен Бјен Фу, француската армија по дебаклот во 1940, изгледаше кревка на романтичните алжирски националисти кои изведоа уште посрамен пораз врз Французите кај Суец во 1956.

Она што историчарот Алистер Хорн исправно го забележа во неговата величенствена историја на алжирската борба како „дивјачка војна за мир“, ги одзема животите на стотици илјади луѓе. Бомби, стапици со бомби, масакри од владините сили и „крварење“ на герилите на Националниот фронт за ослободување – во селата во јужниот Медитеран – доведе до брутало угушување на муслиманските сектори во Алжир, до атентати, тортура и егзекуција на герилските лидери од француските паравојски, војнци, оперативци во Легијата на странците – меѓу кој имаше и поранешни германски нацисти – и паравоена полиција. Дури и белите француски симпатизери на алжирците „исчезнаа“. Алберт Ками прозборе против тортурата, а на француските цивилни службеници им се слошувало од бруталноста која се спроведувала за да се задржи Алжир француски.

Излезе дека Дегол го поддржа белото население и се обрати и на алжирски: „Же ву аи компромис“ (Сакам компромис), им рече тој – и продолжи да преговара со претставниците на ФЛН во Франција. Алжирците долго цреме беа најбројното муслиманско население во Франција, и во октомрви 1961 година над 30,000 од нив излегоа на забранети митинзи за независност во Париз – всушност, на места помалку од километар од неодамнешната кланица – кога беа нападнати од француската полиција при што беа убиени, као што сега признаа, околу 600 демонстранти.

Алжирците беа тепани до смрт во полициските бараки или беа фрлани во Сена. Шефот на полицијата кој ги надгледуваше безбедносните операции и кој наводно го наредил масакрот во 1961 беше никој друг освен Морис Папон – кој речиси 40 години подоцна  беше обвинет за злосторства против човештвото под режимот на Петаин Виши за време на нацистичката окупација.

Алжирскиот конфликт заврши во крв. Белите „црни кошули“ француски колонисти одбија да го прифатат повлекувањето на Франција, и подржани од тајната ОАК во нападите врз алжирските муслимани ги куражеа француските воени единици да се дигнат на бунт. Во еден момент, Дегол се исплаши дека француските паратрупи ќе се обидат да тргнат на Париз.

Кога дојде крајот, и покрај ветувањата на ФЛН дека ќе ги заштитат француските граѓани кои одбраа да останат во Алжир, се случи масовно убиство во Оран. Скоро еден и пол милиони бели французи, мажи, жени и деца – соочени со изборот „ковчег или куфер“ – заминаа за Франција, заедно со илјадници лојални алжирски „фарки“ борци кои се бореа на страната на француската војска, но потоа од Дегол беа сосема оставени на својата страшна судбина. Некои беа терани да ги проголтаат своите француски воени медали и беа фрлани во масовни гробници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он