Алжирскиот министер за надворешни работи Мурад Меделци, ја критикуваше Арапската Лига, поради тоа што сириското место за време на последниот самит во Доха и го препуштија на опозицијата. Меделци, вчера исто така, уште еднаш истакна дека политиката на Алжир е немешање во внатрешните работи на други држави и дека тоа е случај и со Сирија.
“На сиријците е да одлучат, а секоја одлука што доаѓа само од едната страна – всушност, само од една страна која е под влијание на странски сили – ќе има многу краток животен век”, изјави Меделци, осврнувајќи се на одлуката на Арапската лига, сириската опозиција на последниот самит да се претстави како претставник на Сирија.
Да потсетиме, Алжир беше против исфрлање на Сирија од Арапската лига кон крајот на 2011 година. Единствените членови на Арапската лига кои беа против исфрлањето на Сирија се Ирак, Либан и Алжир.
По доаѓањето на исламистите на власт во Либија, Тунис и Египет и почетокот на воената кампања во Мали, се распламти неоколонијалистичка бура над Африка. За Мали многумина тврдат дека, таа држава во однос на Алжир, е токму она што Сирија е за Иран. Пречка која мора по секоја цена да се надмине, за во мир да се посветат на крајната цел.