Алигатор зграпчи тренер за рака пред вџашени гледачи

Од:

Неименуван дресер на алигатори од Бомонт за малку ќе останеше без раце, благодарејќи на тоа што не се договори најдобро со партнерот со кој изведуваше точка пред стотици гледачи во тексашкиот град Олд Таун Спринг.

Момчето појде кон алигаторот со цела доверба дека неговиот колега ги држи под контрола неговите вилици, но тој бил се уште слободен и го зграби во пределот на лактот.

Дресерот со колут напред некако успеа да се спаси, а колку имал среќа покажува податокот дека на крајот немало потреба за шиење на раката.

– И ние сме само луѓе кои грешиме и верувајте ми дека дресерот ваква грешка повеќе никогаш нема да повтори, рече првиот човек на претставата и сопственик на паркот со алигатори во Бомонт Гери Сораж.

Интересно е дека настраданиот тренер, чии проблеми ги гледале само неколку метри оддалечени деца, во моментот на инцидентот на себе носел маица со натпис „Брзи раце или нема раце“, јави Индекс.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он