Алиев: Русија да остане неутрална во судирот околу Нагорно Карабах

Од:

Русија треба да остане неутрална во конфликтот околу Нагорно Карабах, како што е наведено во мандатот што ОБСЕ им го даде на копретседателите на Групата од Минск, изјави денеска азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, пренесува Аџерпрес.

– Прво, ние не ја нападнавме Ерменија. Второ, Русија е копретседавач на Минската група на ОБСЕ и треба да биде неутрална како и сите копретседатели во согласност со мандатот што им го даде ОБСЕ, истакна Алијев.

Претходно, ерменскиот премиер Никол Пашинјан побара од рускиот претседател Владимир Путин да иницира консултации со цел да се утврди обемот на помошта што Русија може да и ја даде на Ерменија заради осигурување на нејзината безбедност.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најави дека Москва ќе му ја обезбеди целата неопходна помош на Ереван во согласност со договорот за пријателство, доколку судирите се префрлат на ерменска територија.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија