Алфано: Во февруари можни нови избори во Италија

Од:

Италија може да излезе на нови избори во февруари, изјави министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано.

– Предвидувам дека изборите може да се одржат во февруари, рече министарот за весникот „Кориере дела сера“.

Како што пренесуваат британските медиуми, Алфано оваа проценка ја изнесе по разговорите со Матео Ренци, кој завчера поднесе оставка по неуспешниот референдум за уставните измени.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела во меѓувреме го замоли Ренци да остане на функцијата до изгласување на новиот буџет што треба да се случи до петок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ