Нешто за кое никогаш не сте слушнале за Алберт Ајнштајн:
- Ајнштајн бил дебело бебе со голема глава. Како дете имал потешкотии во говорот.
- Кога имал 5 години и лежел болен во кревет, татко му донел нешто поради што тој започнал да се интересира за науката. Тоа било компас.
- Тој паднал на приемниот испит за факултет. Положил математика и сите научни делови, но не успеал во ништо друго. По година дена се обидел пак и тогаш го положил.
- Ајнштајн имал вонбрачно дете. Во 1902, една година пред да стапи во брак, Милева ја родила нивната ќерка, која Ајнштајн не ја видел никогаш и чија судбина останала непозната.
- Научникот не се согласувал со неговиот најстар син, кој го обвинувал зошто ја напуштил неговата мајка.