Најмалку десет луѓе во најголемиот пакистански град Карачи го изгубија животот бидејќи ги нападна агресивна амеба „naegleria fowleri„ која ги убиба 98 проценти од своите жртви, а напаѓа така што ги јаде мозочните станици.
Според извештајот на Светската здравствена организација смртните случаи се забележани во текот на изминативе месеци, но најмногу жртви има иминатава недела.
Амебата во чевечкиот организам најлесно доспева преку нечистата вода низ носот, поради што нејзините жртви најчесто се пливачите. Но, во оваа последна серија на нејзини напади нема ниту еден пливач, така што локалните епидемиолози се нафатија на опсежно тестирање на водата во цело Карачи, каде за прв пат се појави пред шест години. Пренесувањето од човек на човек засега не е забележано.