Агенција Расмусен: Ромни води со 2 проценти пред Обама

Од:

Републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни води со два проценти предност во однос на кандидатот на демократите и актулениот претседател Барак Обама, покажува најновото истражување на агенцијата „Расмусен“.

Истражувањето е спроведено во периодот од 15. до 17. октомври, со што го отсликува расположението на гласачите пред и после телевизиската дебата која беше во вторникот.

Според податоците од анкетата, Обама го поддржуваат 85 насто од тие што се изјасниле како гласачи на демократите, додека Ромни има поддршка од 87 насто од републиканците. Меѓу неопределените гласачи, Ромни има предност од девет проценти.

Забележлива е и разликата во изјаснувањето на жените и мажите, па така Обама води со 4 процент предност кај женското гласачко тело, додека Ромни има предност кај машкото гласачко тело од 10 проценти.

„Расмусен“ утре ќе го претстави новото истражување, кое ќе биде во целост изработено по последната дебата, во која според оценките Обама оставил подобар впечаток.

 

Би можело да ве интересира

Се помалку Руси ја поддржуваат војната

Горан Наумовски

Анкета: Поддршката за инвазијата на Путин кај Русите првпат паѓа под 50 отсто

А1он

Според Обама, Путин се однесува на нов „непромислен“ начин

А1он

Бајден и Обама ќе се обратат за успесите и новините околу законот за достапно здравство

А1он

Обама е заразен со коронавирус

Ана Ололовска

Гаревски испитува за паниката и стравот од битолскиот земјотрес од минатиот месец и скопскиот од 1963

Маја Илиевска-Пачемска