Африканските лидери го критикуваат МКС

Од:

Лидерите на земјите од Африканската унија (АУ) од Самитот во Адис Абеба го повикаа Меѓународниот кривичен суд да не ги гони кривично шефовите на државите и да ги одложи судските процеси против претседателите на Кенија и Судан.

Самитот во седиштето на АУ е организиран во екот на растечките тензии меѓу МКС и африканските земји кои го обвинуваат овој суд дека е неоколонијалистичка институција, која од основањето на посебен начин ја третира Африка.

– Советот за безбедност на ОН и МКС треба да соработуваат со нас и да овозможат на избраното раководство на кенија да ги исполни своите уставни обврски, така што итно ќе се разгледа одложување на судскиот процес против кенискиот претседател и потпретседател, рече шефот на извршниот совет на АУ Нкосазана Зума.

Министерот за надворешни работи на Етиопија Тедрос Адханом Гебрејесус рече дека МКС станал „политички инструмент“ и оти кон Африка се однесува неправедно. Дводневниот самит во Адис Абеба се одржува воочи почетокот на судењето на претседателот на Кенија Ухур Кенијата следниот месец во МКС. Тој ги негира обвиненијата за предизвикување насилства после изборите во 2007 година.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска