Лидерите на државите-членки на Африканската унија (АУ) денеска одлучија да формираат воени сили на АУ за брза интервенција.
На самитот на АУ во Адис Абебе донесена е одлука воените сили за брза интервенција да се формираат „на основа на доброволен придонес на земјите-членки кои во моментот ќе бидат во можност да обезбедат трупи, опрема и средства“.
Воените сили на АУ ќе се викаат Африкански сили за брз одговор на кризи (АЦИРЦ) и ќе бидат преоедн облик до целосно формирање на планираните Сили за готовност.
АЦИРЦ ќе треба „брзо да дадат ефикасен одговор на вондредните ситуации“, наведуваа АУ.
– Одлуката за формирање на АЦИРЦ е доденесена со цел да има африкански решенија за африканските проблеми“.