Африканската унија и даде двонеделен рок на армијата на Буркина Фасо за предавање на власта

Од:

Африканската унија (АУ) денеска на армијата на Буркина Фасо и даде рок од две недели да ја врати власта во раце на цивилна влада или во спротивно, се закани, таа ќе се соочи со казнени мерки.

Во соопштението на АУ се наведува дека војската на Буркина Фасо го прекршила Уставот со тоа што ја презеде власта откако претседателот Блез Компаоре во петокот беше присилен да поднесе оставка.

Откако Компаоре мораше да ја напушти власта по 27 години минати на чело на државата, на негово место дојде полковникот Зида.

Војската во петокот соопшти дека што е можно поскоро повторно ќе биде воспоставена цивилна преодна влада во земјата.

Претставникот на АУ, Симеон Ојоно Есоно, по состанокот на Советот на АУ за мир и безбедност во Етиопија изјави дека преземањето на власта од страна на војската е во спротивност со демократските принципи.

– Африканската унија ќе примени санкции против Буркина Фасо доколку војската во рок од две недели не им го предаде управувањето со државата на цивилните власти, истакна Есоно.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Оксфам: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад

Ана Ололовска