Африканската унија времено го исклучи Египет од членство откако армијата го симна од власт претседателот Мохамед Морси.
Потегот е вообичаена реакција на Унијата при непочитување на Устав на држава-членка.
– Советот за мир и безбедност на Африканската унија одлучи да го суспендира учеството на Египет во активностите на Унијата додека не биде востановен уставен ред, изјави Адморе Камбудзи, секретар на АУ.