Адвокатот на убиениот Фејзулаи: Да не одеше во џамија, туку на бокс, ќе беше добар боксер

Од:

Виенскиот адвокат Николаус Раст кој во претходно судење го бранел Кујтим Фејзулаи, еден од терористите во синоќешниот напад во Виена, изјави дека тој израснал во сосема нормално семејство, но дека неговата несреќа доаѓа како резултат на тоа што се дружел со погрешни луѓе.

„За мене тој беше тинејџер кој немаше среќа да се дружи со вистински луѓе. Да не одеше во џамија, туку на бокс, ќе станеше добар боксер. Никогаш не би помислил дека ќе стане убиец“ – вака Раст го опиша својот поранешен клиент, кој учествуваше во масакрот во Виена во кој загинаа пет лица, а 22-ца луѓе се повредени.

Раст го бранел Фејзулаи на судењето во април минатата година кога е осуден на затворска казна од 22 месеци за обид да се приклучи на Исламската држава во Сирија. За него се дозна откако мајка му го пријави за исчезнат, по што се дозна дека се обидел да отпатува на боиштата во Сирија.

Адвокатот Раст кажал и дека Фејзулаи како тинејџер редовно одел во една џамија каде се радикализирал и уште го дефинирал како момче без ориентација, кое барало место во животот. За време на неговата затворска казна поминал процес за дерадикализација за која се грижело здружението „Дерад“, специјализирано за тоа. Кон крајот на минатата година стручните лица оцениле дека Фејзулаи повеќе не е опасен и бил пуштен од затвор пред време.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Откажани летовите Скопје – Виена поради штрајкот во „Аустријан ерлајнс“

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Спасувачите во Москва затекнале ужас: Сите познати детали од терористичкиот напад

А1он

ВИДЕО: Терористички напад во Москва, има мртви и ранети

Предраг Петровиќ