Адвокатите на Салах Абдеслам се откажаа од одбраната

Од:

Адвокатите на Салах Абдеслам, единствениот преживеан извршител на нападот во Париз од 13 ноември, се откажаа од одбраната.

– И двајцата решивме да се откажаме да го браниме. Убедени сме дека тој нема да зборува и ќе го користи правото да молчи, изјави францускиот адвокат Франк Бертон, пренесувајќи го ставот и на неговиот колега Свен Мари.

– Во положба како нашата, што сакате да направиме? Го кажавме ова уште на почетокот. Ние предупредивме дека ако нашиот клиент реши да молчи, ние ќе престанеме да го браниме, објасни Бертон.

Мари дополни, дека двајцата имале чувство како да одат на „само да се гледаат“ при посетите на Абдеслам во затворот.

Белгискиот џихадист, за кого е покренато обвинение во врска со терористичкиот напад во Париз во кој беа убиени 130 лица, од 27 април е затворен во самица и е под постојан видео-надзор.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во напад со нож во Париз

Улица во Париз ќе го носи името на Дејвид Боуви

А1он

ВИДЕО: Драма во Париз – Лувр итно евакуиран

Во Париз е забрането изнајмување електричeн тротинет

(ВИДЕО) Експлозија во Париз, петмина се повредени

Ограбена е златарница во центарот на Париз, штетата е огромна