Адер: Односите на Унгарија со Русија не се посилни од тие со Франција и Германија

Од:

Претседателот на Унгарија, Јанош Адер изјави дека односите на неговата земја со Русија не се посилни од односите со Франција и Германија, ниту од односите со која било држава од некогашниот советски блок.

Адер ова го изјави во Софија на меѓународна конференција, одговарајќи на прашањето во врска со зајакнувањето на економските односи на Унгарија со Русија, за разлика од историските настојувања на Унгарија да се ослободи од советското влијание.

Според него невозможно е да се направи каква било споредба меѓу 1956 година и сегашната економска соработка со Русија.

Во врска со обновувањето на една унгарска нуклеарна централа во соработка со Русија Адер истакна дека руската понуда била најдобра.

Би можело да ве интересира

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски

Кина е најголем инвеститор во Унгарија

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Истражување: 89 отсто од Русите би поддржале криминализација на семејното насилство