Целосна адаптација на Крим со рускиот правен систем би можела да потрае и пет години, предупреди денеска Сергеј Аксјонов, времениот лидер на републиката.
– Верувам дека транзицискиот период ќе продолжи и по 1 јануари 2015, но тоа не е некој проблем, истакна Аксјонов.
Кримската Република, чие население е претежно руско, и Севастпољ, град на Крим кој има специјален статус, потпишаа договор за повторно присоединување на Русија на 18 март, по референдумот два дена порано, на кој мнозинството жители на Крим се определија за отцепување од Украина и придружување кон Руската Федерација.
Рускиот претседател Владимир Путин го именуваше на 15 април Аксјонов за времен лидер на Кримската Република, а за в.д. гувернер на Севастопољ го именуваше вицеадмиралот во резерва и поранешен заменик-командант на Руската црноморска флота Сергеј Мењаил.