Абе: Насочувањето на кинескиот радар кон јапонски брод бил опасен потег

Од:

Насочувањето радар од кинеска фрегата кон јапонски воен брод било „опасно“ и „провокативно“, изјави денеска јапонскиот премиер Шинзо Абе, во момент кога се зголемуваат тензиите во територијалниот спор меѓу двете земји.

– Тоа беше опасен чин, кој можеше да доведе до непредвидлива ситуација. Тоа беше за огромно жалење, истакна Абе, барајќи од Кина воздржаност со цел да се „избегне непотребна ескалација“.

Тој го опиша насочувањето на радарот како „еднострана провокативна акција од кинеска страна“.

Неговиот коментар доаѓа еден ден откако јапонскиот министер за одбрана Ичунори Онодера соопшти дека минатата недела радар за наведување ракети бил насочен кон јапонски воен брод во меѓународните води на Источното кинеско Море.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он