60 загинати во експлозијата на бомба во пакистанскиот град Квета

Од:

Биланост на загинати во експлозијата на бомба во шиитската област во пакистанскиот град Квета нарасна на 60, а околу 200 лица се водат за повредени, соопшти пакистански полициски претставник.

Шефот на полицијата во Квета, Зубаир Махмуд, соопшти нови податоци за настраданите, пренесуваат американските медиуми.

Експлозијата на бомбата се случи на преполниот зелен пазар во текот на вечерните часови.

Според проценка на полицијата, нападот е еден во серијата акции што се почесто ги изведуваат сунитските екстремисти.

-Нападот е извршен со импровизирана експлозивна направа прикачена на мотоцикл, изјави заменикот на главниот инспектор во Квета, Вазик Кан Насир.

Повеќето загинати се припадници на шиитското малцинство во Пакистан, кое бара заштита од владата по серијата напади на милитантните групи, предводени од организацијата Лашкар-е-Џангви, соопштија властите.

Во текот на минатата година во Пакистан беа убиени повеќе од 400 лица.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран