Околу 200 побунети еритрејски војници, со поддршка од два тенка, го опколиле Министерството за информации во главниот град Асмара, сооопштија светските агенции, повикувајќи се на дипломатски извори.
Војниците го принудиле директорот на државната телевизија во етерпт да оди нивното барање за ослободување на сите политички затвореници, посочува висок извор од разузнавањето.
Според оценка на ОН, во оваа мала држава на Африканскиот рог, минатата година биле изброени меѓу 5.000 и 10.000 политички затвореници.
Организации за правата на човекот ги обвинуваат властите дека извршуваат мачења и егзекуции по кратка постапка.
Според францускиот новинар и автор на книги за Еритреја, Леонар Венсан, војниците во етер ја пуштиле изјавата во која инсистираат на примена на Уставот од 1997 година.
Венсан тврди дека меѓу службениците во опколеното министерство се наоѓаа и ќерката на еритрејскиот претседател.
Новинарот се воздржа настанот да го нарече „државен преврат“ и изјави дека се уште не е јасно дали станува збор за добро организиран обид за заземање на властта или, како што тој го нарече, „самоубиствен напад“.
Венсан изјави дека своите информации ги добива од извор од министерството и од информации собрани од еритрејски новинари, кои работат во радиото во чие основање и самиот тој учествувал.
Нема директни знаци дека станува збор за обид за соборување од власта на 66-годишниот претседател Исајас Афеверки, кој со земјата управува од 1993 година, кога таа се стекна со независност од соседна Етиопија, посочуваат агенциите.
Еритреја се наоѓаа во источна Африка, на брегот на Црвено Море. Таа граничи со Судан на запад, со Етиопија на југ и Џибути на исток.
Медиумите од местото на настанот претходно соопштија дека по појавата на војниците државната телевизија и радио ја прекинале својата програма. Ситуацијата во целост, меѓутоа, биле мирна и страните не употребиле оружје, дополнуваат агецниите.