17 пакистански војници загинаа во експлозија на автомобил бомба

Од:

Најмалку 17 војници загинаа, а 37 се повредени во експлозија на автомобил бомба во близина на резервоар за гориво во воен магацин во северозападен Пакистан, соопштија денеска властите.

Меѓу повредените има и тројца цивили што работеле на изградба на пат кон градот Мир Али во покраината Северен Вазиристан.

Во силната експлозија уништени се два објекти за сместување на војници во Северен Вазиристан, во близина на границата со Авганистан. Областа се смета за едно од главните упоришта на талибанските бунтовници и припадниците на Ал Каеда.

Се уште никој нема преземено одговорност за нападот, додека регионалната власт воведе полициски час во прелемснкиот регион во близина на авганистанската граница.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран