Атентати го потресуваат Пакистан

Од:

Непознати вооружени напаѓачи денеска ја убиле Зехра Сахид Хусеин, претседателка на покриината Карачи и членка на Пакистанското движење за правда, која на последните избори забележа голем успех, пренесе агенцијата Анадолија.

Хусеин, наводно, е убиена кога вооружени лица сакале да и ја укардаат чантата, соопшти полицијата, но случајот предизвика бројни контраверзи.

Имено, според официјалната верзија, во текот на подготовките за кампањата за избори што требаше да се оддржат во Карачи, три лица на мотоцикли се обиделе од Хусеин да ја украдат нејзината чанта, на што таа се спротивставила. Во таа прилика еден од напаѓачите ја убил од огнено оружјеа, соопштија функционери на Пакистанското движење за правда.

Во тек е истрага за да се утврди идентитетот на напаѓачите, кои по злосторството побегнале од местото на настанот.

Исто така, и изборите за народни пратеници во пакистанскиот град Хадарбад не минаа мирно. Кандидатот на Пакистанското движење за правда во Хадарбад, Осман Кенеш, е убиен во атентат, по што биле запалени три автомобили и е отворен оган врз неколку продавници.

Полицијаата почнала истрага под сомнение дека атентатот врз Кенеш го извршила конкурентската партија, бидејќи имало големи шанси тој да биде избран за народен пратеник.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран