12 убиени и 30 повредени во експлозија во бегалски камп во Пакистан

Од:

Најмалку 12 лица загинаа, а околу 30 се повредени во експлозија на автомобил бомба во близина на градот Пешавар, во северозападниот дел на Пакистан, соопштија локалните власти.

Експлозијата се случила во близина на Канцеларијата на централната управа на бегалскиот камп Џалозај, каде првично беа сместени авганистански бегалци, но сега се наоѓаат илјадници раселени семејства поради борбите меѓу владините сили и бунтовниците во околните племенски региони.

Досега има 12 мртви и над 30 повредени, изјави началникот на окружната полиција Мохамад Хусаин.

Засега никој не презема одговорност за нападот, извршен ден откако претседателот Асиф Али Зардари го објави 11 мај за датум на парламентарните избори во земјата.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран