Јужнокорејскиот гигант Samsung на специјалниот настан Unpacked 2018 во Барселона, еден ден пред почетокот на Мобилниот конгрес, ги претстави новите модели на своите „флегшип“ смартфони Galaxy S9 и S9+.
Новите паметни телефони имагинативно го реинтерпретираат начинот на кој луѓето комуницираат, споделуваат и го искусуваат светот. Создадени за период во кој потрошувачите се повеќе и повеќе комуницираат и се изразуваат преку фотографии, видеа и пиктографи (еmoji), Галакси С9 и С9+ вклучуваат иновации преку најнапредната Самсунг камера до сега. Редизајнирани, со нова бленда која овозможува иновативна камера за слаба осветленост, способност за супер бавно “Slow-mo“ видео и персонализирани пиктографи за изменета реалност (AR Emojis), новите Галакси С9 и С9+ ќе се погрижат корисниците никогаш да не пропуштат ниту еден момент и да го направат своето секојдневие неверојатно.
Галакси С9 и С9+ овозможуваат збогатено доживување на забавата со моќни стерео звучници поставени со помош на АКГ (AKG), извонреден звук со Долби Атмос (Dolby Atmos®) и редефиниран бесконечен екран од раб до раб – клучен елемент во дизајнерското наследство на Самсунг. Дополнително, Галакси С9 и С9+ ќе пристингат со новата “SmartThings“ апликација, која ги обединува постоечките ИоТ услуги на Самсунг во едно единствено, паметно искуство.
„Начинот на кој ги користиме нашите паметни уреди се промени со еволуцијата на комуникацијата и на самоизразувањето. Со Галакси С9 и С9+ ја имагинативно ја реинтерпретиравме камерата кај нашите паметни телефони. Не само што Галакси С9 и С9+ им овозможуваат на корисниците да ги креираат најдобрите фотографии и видеа насекаде, туку и станува збор за паметни телефони кои се дизајнирани да им помогнат да се поврзат со останатите и да се изразат на начин кој е единствен за нив, оставајќи свој личен печат“, изјави ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател и Менаџер на Сектор за ИТ и Мобилна Комуникација на Самсунг.
Редизајнирана Камера
Денешните камери се многу повеќе од алатки за правење фотографии – тие служат и за поврзување и комуницирање. Корисниците сакаат смартфон со камера со најнова технологија за да се изразат преку фотографии со висок квалитет, како и алатки кои ќе им помогнат да ја раскажат својата единствена приказна. Камерите на Галакси С9 и С9+ се создадени имајќи ги в предвид овие корисници, со “Super Speed Dual Pixel“ сензор со зголемена сила за обработка и меморија која може да комбинира до 12 фрејмови во една неверојатна снимка со највисок можен квалитет на фотографија. Карактеристиките на Самсунг Галакси С9 и С9+ вклучуваат:
– Super Slow-mo: Ги прави секојдневните моменти епски со динамичниот и успорен видео запис кој снима 960 фрејмови во секунда. Галакси С9 и С9+ исто така овозможуваат и автоматско детектирање на движење – интелигентна карактеристика која детектира движење во фрејмот и автоматски започнува да снима – сѐ што треба корисниците да направат е да го сетираат снимањето. По снимањето на “Super Slow-mo“ видео, корисниците може да одберат музичка позадина од 35 различни опции или пак да додадат тон од нивната омилена плејлиста. Исто така, корисниците на многу едноставен начин може да креираат, едитираат и споделуваат .GIF датотеки со едноставно допирање во три разиграни стилови на движење за да може да ја гледаат датотеката одново и одново.
– Камера за снимање при услови на слаба осветленост: Доброто осветлување е тајната на сите одлични фотографии. Но, често се случува фотографиите да се направени во услови на понеидеално осветлување. Повеќето камери на паметните телефони имаат фиксен отвор (бленда) кој не може да се прилагоди на средини со ниска или светла осветленост што резултира во избледени фотографии или фотографии на кои се познава зрнеста структура. Слично на начинот на кој што ирисот на човечкото око се проширува и контрахира, двојната бленда на Самсунг (F1.5 / F2.4) автоматски пропушта повеќе светлина кога е темно и помалку светлина кога е премногу светло, креирајќи фотографии кои се јасни и чисти.
– Пиктографи за Изменета Реалност – AR Emoji: Самсунг им овозможува на корисниците да креираат “емоџи“ кое изгледа, звучи и се однесува исто како нив. Пиктографите за изменета реалност користат алгоритам за машинско учење кое се темели на податоци кои ја анализираат 2D фотографијата од корисникот и исцртуваат преку 100 фацијални карактеристики за да креираат 3D модел кој рефлектира и имитира експресии како намигнување и потврдување со главата, за вистинска персонализација. Овие пиктографи ги споделуваат чувствата на корисниците од реалниот живот преку видео, но и преку широк спектар на сликички кои користат стандарден AGIF формат за датотеки, овозможувајќи им на корисниците да ги споделуваат нивните пиктографи низ различни други платформи за разменување на пораки.
– Бигзби: Интелигентната платформа на Самсунг, интегрирана во камерата, користи изменета реалност и технологии за длабинско учење за да овозможи корисни информации за опкружувањето на корисниците. Со детектирање на објект во реално време и негово препознавање, Бигзби веднаш, инстантно генерира информации директно на врвот на фотографијата на која камерата посочува. Корисниците може да преведуваат странски јазици и валути во реално време преку “Live Translation“, да учат за нивните опкружувања, да купуваат продукти видени во реалниот свет и да ги бележат калориите во текот на денoт.
Никола Бурагев