Бескрајно забавни фотографии со новиот Samsung Galaxy A53

Од:

Конечно се разбудивме од долгиот зимски сон! Како што растат температурите, а денот е сè подолг, така и расположението добива нова форма. Сонце, мирис на јоргован и танцување боси во паркот! Дневната плејлиста станува пожива, а животот го боиме во спектарот на Galaxy A53 5G.

Samsung неодамна го претставија најновиот модел од добро познатата серија А паметни телефони која обезбедува исклучително ниво на корисничко искуство за уживање во вашите омилени активности, содржини и апликации. Galaxy A53 5G се издвојува со подобрените карактеристики на камерата, нов моќен процесор, волшебно цврст екран и уште подобро поврзување со екосистемот Galaxy.

Нека секој момент остане запаметен

Моќниот систем со четири камери на Galaxy A53 5G нуди неверојатни можности за фотографирање и снимање со OIS камера од 64 MP и предна камера од 32 MP. Дополнителна предност е VDIS технологијата, која обезбедува стабилизација при снимање на кристално чисти видеа. Камерите користат технологија за вештачка интелигенција, која во комбинација со подобрениот Night Mode режим гарантира дека фотографиите, дури и кога се направени при слаба осветленост, ќе изгледаат беспрекорно. За љубителите на селфи фотографиите имаме одлична вест! Подобрениот Portrait Mode режим во комбинација со Fun Mode режимот ќе овозможи бескрајни опции за совршена селфи фотографија. Плус добивате и Object eraser можност со која може слободно да го избришете сè она што ви пречи на фотографијата!

Атрактивен дизајн за оние со префинет вкус

Galaxy A53 5G е спакуван во функционален и модерен изглед со совршен Ambient Edge дизајн – тенка рамка која му дава дополнителна софистицираност. Со својот атрактивен дизајн, Galaxy A53 5G ќе се вклопи со другите Galaxy уреди носејќи го корисничкото искуство на едно ново неверојатно ниво. Ако ви треба причина повеќе да го купите Galaxy A53 5G ве потсетуваме дека Samsung се грижи за природата, па во склоп на иницијативата Galaxy for the Planet, пакувањето, страничните копчиња и отворот за СИМ картичка се изработени од рециклирани и одржливи материјали.

Волшебно цврст екран и неверојатни перформанси

Новиот 5nm процесор е одговорен за неверојатните перформанси на паметниот телефон Galaxy A53 5G. Опремен однадвор со екстремно силно заштитно стакло Gorilla® Glass 5, испорачува 6,5-инчен Super AMOLED екран со брзина на освежување од 120 Hz што ќе обезбеди непречено корисничко искуство и импресивен приказ на содржината. Со цел корисниците слободно да уживаат во прелистувањето на саканата содржина, паметниот телефон го содржи стандардот IP67 за отпорност на вода и прашина, додека со супер брзо полнење од 25 W, сите активности можат да траат подолго.

Обојте ја пролетта во боите на Galaxy!

Samsung оваа пролет нè потсетува дека животот е една неверојатна забава. Најубавите моменти и спомени засекогаш остануваат дел од нас преку фотографиите, па токму затоа оваа пролет Samsung ви овозможува шестмесечен бесплатен пробен период за 100 GB меморија на OneDrive облакот кој е достапен за корисниците на Galaxy A33 и A53 5G. Понудата е достапна е во периодот помеѓу 25 март 2022 година и 31 март 2023 година. Зачувајте ги сите моменти, насмевки и бои на оваа пролет со Samsung Galaxy A53 5G!

Повеќе информации за понудата на https://www.samsung.com/mk/offer/one-drive-promo-2022/

Повеќе информации за производот можете да погледнете на https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a/galaxy-a53-5g-awesome-black-128gb-sm-a536bzkneuc/

 

 

*ПР текст

Би можело да ве интересира

Помилуван директорот на Самсунг кој беше во затвор поради поткуп

Самсунг преговара за зголемување на цената на чиповите

Ана Ололовска

Зара, Самсунг и Пејпал меѓу најновите компании што ги затворија бизнисите во Русија

„Самсунг“ ќе гради фабрика за полупроводници во САД од 17 милијарди долари

А1он

„Самсунг“ ќе гради фабрика за полупроводници во вредност од 17 милијарди долари

Ана Ололовска

Наследниците на „Самсунг“ мораат да платат 10,8 милијарди долари данок на наследство

Катерина Ѓуровски