Помилуван директорот на Самсунг кој беше во затвор поради поткуп

Од:

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол го помилува потпретседателот на Самсунг Електроникс, Ли Јае Јонг за да помогне во надминување на „националната економска криза“, соопшти денеска јужнокорејското Министерство за правда.

Помилувањето е главно симболично, бидејќи Ли веќе е на условна слобода откако отслужи 18 месеци затвор за мито додека беше на чело на најголемиот светски производител на паметни телефони и мемориски чипови.

Министерот за правда Хан Донг-хун рече, откако Шин Донг-бин, претседател на Лоте Груп, петтиот по големина бизнис конгломерат во Јужна Кореја, беше помилуван, дека владата, поради итна потреба да се надмине националната економска криза, „внимателно одрбала за помилување економски лидери кои го водат националниот мотор на раст преку активни инвестиции во технологија и отворање нови работни места“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески

Приведен бегалец од затвор, осуден на 13 години

А1он

Две години и три месеци затвор за возачот кој усмрти дете на „Пластичарска“

Александар Тодески

Гордана Јанкуловска излезе од затвор

Приведено лице од Љуботен, осудено на казна затвор

А1он

Дугар одлежа две децении затвор, а потоа брат му близнак му подари слобода