ВИДЕО: Млад Австралиец ја намести Рубиковата коцка за нешто над седум секунди

Од:

Иако за пошироката јавност најверојатно е непознат, 17-годишниот Австралиец, Феликс Земдегс го познаваат оние кои ја следат дисциплината „местење на Рубиковата коцка“.

На последниот натпревар во оваа дисциплина, оддржан во Лас Вегас, младиот Австралиец стана светски првак победувајќи 550 конкуренти, при што ја намести коцката за нешто над седум секунди.

Досегашниот светски првак, Мац Валк од Холандија, кој во март ја намести коцката за 5,55 секунди, овојпат заврши на второ место со просек од 8,65 секунди во 17 настапа.

Феликс си замина дома со парична награда од 3.000 фунти. Тусо Мао, претседател на Светскиот сојуз на „местачи на Рубиковата коцка“ за Скај Њуз изјави дека тајната на брзината е во вежбањето.

– Секако дека е потребен и талент, но мислам дека секој со многу вежбање, може да ја намести Рубиновата коцка за помалку од 30 секунди, нагласи Мао.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ