ВИДЕО: Мијалков и Димовски гушнати влегоа во Кривичен

Од:

Тукушто избрканиот ексфункционер на ВМРО-ДПМНЕ од партијата, Сашо Мијалков, денеска во Кривичниот суд на судењето за „Титаник 2“ влезе прегрнат со пратеникот од партијата Илија Димовски.

Најверојатно пораката која поранешниот директор на УБК сакаше да ја испрати пред медиумите е дека бесправно е избркан од партијата и дека се уште е во добри односи со членовите од старата структура на партијата.

Ова не е прв пат Мијалков да ги гушка своите сопартијци пред судот. Претходно истото се случи и со сега осудената поранешна министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Мијалков по завршување на денешното рочиште за „Титаник 2“ не сакаше да даде никаков коментар за писмото кое го упати до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски