ВИДЕО: Фране Селак – најсреќниот човек на светот

Од:

Животната приказна на Фране Селак од Хрватска се раскажува низ Европа. Тој е најголемиот баксуз или најголемиот среќник на светот.

Селак е 85 – годишен наставник по музика во пензија. Живее во малиот хрватски град Петрињ.

Приказната за неговиот чудесен живот ја снимиле Discovery, BBC, но, судејќи според извештаите од Хрватска воопшто не е импресиониран од пишувањето во медиумите за него.

Неверојатниот животен пат на Селак започнува од 1962 година, кога возејќи се во возот на релација Дубровник – Сараево, возот излетал од шините и завршил во ледена река.

Додека многу патници се удавиле или го загубиле животот од падот на возот, Селак со скршено рамо допливал до брегот и се спасил.

Ова е почеток на сите случувања во животот на Фране Селак во наредните 40 години. Следното поглавје започнува една година подоцна, кога авионот за Риека, со кој летал и тој, останал без погони на двата мотори.

Притисокот во кабината опаднал, а вратата на авионот паднала. Селак излетал од авионот без падобран. Додека авионот со 19 патници кои останале внатре, се срушил во планина и изгорел, тој безбедно слетал – паѓајќи на пласт сено.

Поминал само со мали повреди. Две години подоцна, Фране Селак патувал со автобус. Ледениот пат предизвикал возачот да изгуби контрола над возилото, по што ја пробил заштитната ограда и завршил во долина. Четворица патници загинале, а тој преживеал. По црните искуства со јавниот превоз, Фране Селак започнал да патува со неговиот автомобил. Меѓутоа, ниту автомобилот не го спречил баксузот кој го следел.

Во 1970 – та година, се запалил и автомобилот. Тој побегнал од возилото додека било во движење и се спасил. Три години подоцна, нов автомобил – стар малер. Овој пат, пожарот во автомобилот ја зафатил командната табла. Селак се извлекол од огнената стихија со мали опекотини. Автобус го удирл во 1995 – та година, а една година подоцна неговиот автомобил излетал од патот и завршил во кањон длабок 300 метри.

Но, тој не бил во него. Успеал да излезе преку прозор пред падот на автомобилот и завршил закачен на дрво. Ова била последната средба на Селак со смртта. На 72 години за прв пат одлучил да уплати лото. Претпоставувате ли што се случило? Фране Селак доби 1 милион евра.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он