„Да го одбраниме Жарко“- иронична кампања за смена на српскиот министер

Од:

Српските активисти со пораката „Да го одбраниме Жарко“, српскиот министерот за образование, решија да ја разбудат јавноста која рамнодушно го проследи најновиотскандал со пробиените тестови за полуматурскиот испит во Србија.

Иако беше покрената петиција за да биде сменет министерот за образование на Србија Жарко Обрадовиќ, таа не допре до српските иниституции, а министерот ја отфрли својата одоговрност. Откако ги поништи тестовите, српскиот „Вистиномер“ ја покрена петицијата за негова оставка, а потоа и сатиричната кампања за негова одбрана.

Зад целиот проект стои здружението „Црта“, а со нивната идеа за одбрана на министерот се надеваат дека ќе ги разбудат граѓаните кои ако не реагираа на барањата за оставка на министерот, конечно ќе реагираат на повикот „Да го одбраниме Жарко“.

Со кампањата „Да го одбраниме Жарко, бидејќи тој не е крив, туку криви се децата“, активистите сакаат да покажат дека концептите на отчетност и одговорност се иновативни во Србија, а тие ја промовираат одговорноста на нивен начин. Имено, ако не можеш да ги победиш, придружи им се, е едно од нивните правила, а на одржаниот протест иронично наречен „Не го даваме Жарко“ скандираа „Сите ние сме Жарко“. На транспарентите можеа да се видат пораки како „И по Жарко, Жарко“, „Петка за владеење“, „Жарко е живот“.

„Денеска се собравме за да му дадеме поддршка на министерот Обрадовиќ и на сите оние, особено политичарите според чија политичката одговорност министерот никогаш не би можел да биде одговорен за настаните во неговиот ресор. Сакаме да покажеме дека граѓаните се тука заради министерот и власта, а кога е во прашање аферата „Мала матура“ одговорноста секако ја носат децата и родителите, а не министерот Обрадовиќ. На овој начин сакавме да го привлечеме вниманието на јавноста и во фокус да ја ставиме темата за одговорност, додека се одлучува за реконструкцијата на Владата“, изјави за српски „Вистиномер“, Вукосава Црњански Шабовиќ, директорка на Центарот за истражување, транспарентност и одговорност „Црта“.

Српскиот „Вистиномер“ веќе со години се залага концептот за одговорност да стане еден од критериумите за вреднување на работата на политичарите. По скандалот „Мала матура“, тие ја покренаа и петицијата „Единица за владеење“ со која бараа оставка од министерот Жарко Обрадовиќ, бидејќи тој ја пропуштил шансата да прифати одговорност и со тоа да ги заштити инситутциите и државата. За неколку дена 15 000 граѓани ја поддржаа оваа иницијатива.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ