А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Uncategorized

За отворање на аеродромите и граничните премини се подготвува пртокол за влез и излез од државата

by А1он26/05/2020 - 21:56739
Share0

Одлуката за повторното отворање на аеродормите ќе биде дел од отворањето на граничните премини што ќе се носи откако Комисијата за заразни болести ќе направи соодветни протоколи за влез и излез во државата за што денеска доби задолжение од Владата која усвои олабавување на повеќе рестриктивни мерки меѓу кои укинување на полицискиот час и повторно отворање на угостителските објекти.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Дадов задолжение до Комисијата за заразни болести да направат соодветни протоколи за влез и излез и на територијата и од територијата на Република Северна Македонија и тогаш ќе ја носиме заедничката одлука кога ќе се отворат граничните премини и кога ќе се отворат и аеродромите односно граничните премини коишто се наоѓаат на нашиот меѓународен аеродром или на аеродромот во Охрид, информира премиерот Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција по владината седница.

Во однос на превозот на патници, како што рече, веќе е донесена Уредба како и на кој начин да се врши јавниот превоз.

-Важно е во возилата да имаме толку патници колку ќе се овозможи доволна дистанца помеѓу патниците, да имаат заштитна опрема и на таков начин да се спроведува јавниот превоз, потенцира Спасовски.

Следете a1on на Youtube YouTube

Како што информира, породилното боледување со Уредба е продолжено додека трае вонредната состојба, а ќе се анализира барањето тоа да се продолжи до септември.

– Додека имаме вонредна состојба тие кои се на породилно боледување остануваат на породилно боледување. Секако дека добив и барање, односно допис којшто го доставија до Владата се однесува на барањето да се продолжи тоа и до месец септември. Ќе направиме анализи, не го исклучуваме и тој момент дека можеби треба да се прифати, дека е тоа оправдано итн., и на основа на тие аргументи коишто ќе ги утврдиме секако дека ќе донесеме решение кое што е најповолно за оние лица коишто се на породилно боледување. Така што, ако кажувавме дека ни е приоритет животот, здравјето итн., верувајте дека приоритет ни е и иднината, а децата се иднината на оваа држава, тогаш верувајте дека оваа мерка без некакви големи дискусии може да се донесе доколку имаме потреба од такво нешто, информира Спасовски.

Со мерките за олабавување што ги усвои денеска попладне Владата е предвидено од задутре да почнат со работа повторно угостителските објекти, но, како што појасни министерот за здравство Венко Филипче, повторното целосно функционирање вклучително и организирањето свадби ќе оди постепено и врз основца на следење на епидемиолошката состојба.

За се, потенцираше, има идеја и план и протокол, меѓутоа главната работа е што во сето ова одиме постепено и затоа вака постепено се отвораат угостителските објекти, па понатаму хотелите и организацијата на угостителските објекти во рамки на хотелите и во рамките на сите други објекти таму каде што функционираат. – Во следниот период интензивно ќе ја следиме епидемиолошката ситуација, бројките итн., и сето тоа ќе резултира на крај со дефинитивно отворање и пуштање во функција на се што сега во овој момент не функционира. Оваа стратегија на постепено враќање во функција сметаме дека е добра, тоа е нешто што го прават и сите други земји во светот за евентуално да не се случи нешто што е непредвидено и да биде максимално епидемиолошката ситуација под целосна контрола, укажа Филипче, во одговор на новинарско прашање.

aerodrom skopjegranicikoronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Хаосот поради маглата продолжува, откажани и одложени летови од скопскиот аеродром

Катерина Ѓуровски21/12/2025 - 19:04

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Предраг Петровиќ21/12/2025 - 10:59

Откажани и пренасочени летови на скопскиот аеродром, маглата направи хаос

Катерина Ѓуровски20/12/2025 - 20:40

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, има откажани и летови што доцнат

Катерина Ѓуровски20/12/2025 - 15:0320/12/2025 - 20:40

Поради силен ветер два авиони не можеа да слетаат во Скопје, пренасочени се кон Приштина

А1он17/11/2025 - 19:49

Скопскиот и белградскиот аеродром со најголем раст на патници во зимската сезона

Катерина Ѓуровски30/10/2025 - 10:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео