ТАВ Македонија ја повлече одлуката за ограничен бесплатен пристап на возила во зоната „Hug & Fly“ на скопскиот аеродром

Од:

ТАВ Македонија ја повлече одлуката со која бесплатниот пристап на едно возило беше ограничен на еден влез во зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот Аеродром Скопје, во период од 24 часа.

Одлуката на Тав Македонија доаѓа откако Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата во рамки на анализата на условите и режимот за користење на зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот Аеродром Скопје, од ТАВ Македонија побарала дополнителни појаснувања и релевантни податоци во врска со воведеното ограничување на бесплатниот пристап.

– По доставеното барање, ТАВ Македонија ја извести Комисијата дека ја повлече одлуката со која бесплатниот пристап на едно возило беше ограничен на еден влез во период од 24 часа. Комисијата ја поздравува одлуката на ТАВ Македонија за повлекување на мерката и ќе продолжи да ја следи состојбата и условите за пристап до аеродромската инфраструктура, особено од аспект на обезбедување еднакви и недискриминаторски услови за сите учесници на пазарот, информираат од Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Комисијата, велат оттаму, останува посветена на заштитата на конкуренцијата и ќе продолжи да постапува во рамки на своите законски надлежности секогаш кога постои можност одредени услови или мерки да имаат влијание врз конкуренцијата и интересите на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ТАВ Македонија: Можно е ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми

А1он

Хаосот поради маглата продолжува, откажани и одложени летови од скопскиот аеродром

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Откажани и пренасочени летови на скопскиот аеродром, маглата направи хаос

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, има откажани и летови што доцнат

Катерина Ѓуровски