„Викендот без ДДВ“ донел двојно поголем промет од обично, граѓаните потрошиле 8,5 милиони евра

Од:

Двапати поголем промет од вообичаениот е реализиран во изминатиот „Викенд без ДДВ“, соопшти Управата за јавни приходи.

Оваа мерка можеа да ја искористат околу 350.000 граѓани кои се регистрирани во системот на Управата за јавни приходи за скенирање фискални сметки.

Според УЈП, во деновите 10, 11 и 12 октомври, кога се спроведуваше владината мерка, прометот изнесува 526 милиони денари, во однос на трите денови пред тоа, односно на 7, 8 и 9 октомври. Повратот на ДДВ кон граѓаните за купени македонски производи, услуги и компјутерска опрема досега е над еден милион евра, односно 63,4 милиони денари.

-Вкупниот промет од македонски производи во деновите без ДДВ на 10,11 и 12 октомври, споредено со претходните три дена – 7,8 и 9 октомври, е зголемен двојно, велат од УЈП.

Оттаму очекуваат измени до завршување на рокот за скенирање на фискалните сметки, бидејќи фискалните сметки од Викендот без ДДВ се скенираат во рок од три дена по издавањето на сметката, што значи дека сметките издадени на 10 октомври може да ги скенираат заклучно со денеска, сметките од 11 октомври се скенираат заклучно со утре, односно 14 октомври 2020 година и сметките издадени на 12 октомври се скенираат заклучно со 15 октомври.

„Викендот без ДДВ“ е мерка од четвртиот пакет антикризни мерки во која граѓаните имаа можност да купат македонски производи и услуги и компјутерска опрема при што ќе им биде вратен целосно пресметаниот ДДВ.

Секој граѓанин можеше во овие три дена да добие поврат на целиот ДДВ за направен вкупен промет до 30.000 денари. За тоа требаше да ги земе фискалните сметки и во рок од три дена од издавањето на сметката да ја скенира преку апликацијата Мој ДДВ. За да се реализира целиот поврат на фискалната сметка производите треба да бидат раздвоени и означени како македонски.

За прометот над 30.000 денари што го оствариле граѓаните во овие три дена важат воспоставените правила за поврат на 20 отсто од платениот ДДВ за домашните производи и услуги и 10 отсто за странските, а повратот ќе се врши по истекот на тримесечјето.

Парите од пресметаниот ДДВ за прометот во „Викендот без ДДВ“ на граѓаните ќе им бидат вратени до крајот на месецот на нивната трансакциска сметка.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов