Македонец градоначалник во Пустец, Бугарин негов заменик – Маричиќ се пофали со изборниот резултат во Албанија

Од:

„Нашиот Пали Колефски ќе ја води Општина Пустец. Македонец, социјалдемократ, другар, борец за соработка меѓу албанскиот и македонскиот народ“, се пофали вицепремиерот Бојан Маричиќ за изборниот резултат во Пустец на Фејсбук, но не напиша дека негов заменик ќе биде Јани Никола, Бугарин од истото место.

Фондацијата „Македонија“ од Бугарија која постојано е присутна во најсиромашниот дел во Албанија во кој живеат претежно Македонци, му ја честиташе победата на Пали Колефски кому ова ќе му биде втор мандат, но и на заменик-градоначалникот Јани.

„Честито изборна победа на нашиот пријател Пали Колевски на локалните избори во општина Пустец, Албанија. Заменик му е нашиот Бугарин Јани Никола! Македонската партија в Пустец доби само 3 гласа от 510! Македонците нема да имаат општински советници во општинскиот совет на општина Пустец. Го прашуваме Скопје, каде ви се Македонците во Пустец“, објави Виктор Стојанов од Фондација „Македонија“.

На вчерашните локални избори во Албанија, довербата да биде прв човек на општина Пустец жителите повторно му ја доверија на Пали Колефски, кој и во изминатите четири години беше на чело на општината.

Тој во објава на Фејсбук се заблагодари и порача дека „Преспа ќе продолжи да живее” и оти жителите на општина Пустец го избрале најдоброто.

-Драги мои, прво да ви се заблагодарам на огромната и безрезервна поддршка на овие избори. Продолжуваме со макотрпна работа, продолжуваме да работиме за општина Пустец да стане уште подобро место за живеење. Оваа победа не е само моја, оваа победа е ваша, оваа победа е за сите нас заедно. Уште еднаш ви благодарам од се срце, напиша Колефски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Се уште не е идентификуван напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, трет напад врз него за година и пол

Орце Костов

МВР со детали за пукањето во Арачиново: Градоначалникот не е повреден

Орце Костов

Пукање во Арачиново – повредени член на обезбедувањето и возачот на градоначалникот

Анита Петровска Рајковиќ

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Стерјовски: Бугарија донира за Пустец во замена на нашата македонска националност

Македонец со „клио“ прегазил дете на пешачки во Загреб

А1он