По налог на Основното јавно обвинителство во Смедерево, денеска е уапсена градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ.
Според неофицијални информации, на градоначалничката ѝ е одреден притвор во траење до 48 часа, по што, заедно со кривична пријава, ќе биде изведена на сослушување пред надлежниот обвинител.
Официјални детали за кривичното дело за кое се товари, како и за околностите што довеле до нејзиното апсење, засега не се соопштени.
Покрај Јасмина Војиновиќ, уапсени се и Мирослав Илиќ, директор на Јавното комунално претпријатие „Зеленило и гробишта“, како и Ивана Митровиќ Стаменковиќ, раководителка на градската управа во Смедерево.
