Кривичниот суд нема ниту една одлука за укинување или преиначување на мерките во „Империја“

Од:

Основниот суд Скопје 1 преку соопштение информира дека досега не е донесена ниту една одлука за евентуално укинување или преиначување на претходно определените мерки за обвинетите во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во „Империја“ меѓу обвинетите се Орце Камчев, Сашо Мијалков и Цветан Панделевски за кои, според пишувањата во медиумите, од страна на СЈО е побарано мерката притвор да се замени со куќен притвор. Од СЈО засега нема потврда на веста.

Камчев има поднесено жалба и до Апелацискиот суд каде во текот на денешниот или утрешниот ден ќе се одржи јавна седница. Тој понуди и гаранција од околу 14 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Се распродава имотот на Мијалков – јавно наддавање за станови во Охрид, плац на Кожуф, земјиште

А1он

Запленетите акции на Мијалков на аукција на берза

Обвинителството презентираше докази за „Империја“, судењето продолжува на 9 мај

Ана Ололовска

Во Кривичен продолжи судењето за „Империја“

Ана Ололовска