Јамајчанец доби милион долари на лото, а ги подигна со маска на лицето

Од:

Јамајчанец, во медиумите идентификуван како А. Кемпбел, доби нешто повеќе од милион долари на лотарија, а при подигнување на наградата се појави со маска на лицето, и тоа не која било, туку онаа од филмот „Врисок”.

Како што пренесува „Вашингтон пост”, на добитникот му требале дури 54 дена за „да собере храброст” и да дојде по наградата. Неговото оправдување е дека „по првичниот восхит, потоа со денови чувствувал мачнини“, а веројатно и загриженост и страв од изнудувачи.

– Главата ме болеше три дена оти постојано размислував за тоа како ми се оствари она што го посакував. Стомакот ме болеше две недели, изјави среќникот.

Прашан што планира да направи со добиените 1,1 милион долари, тој рече дека дел ќе потроши на убава нова куќа, а дел на унапредување на приватниот бизнис.

Би можело да ве интересира

Словенец на лотарија доби речиси два милиони евра

Американец двапати доби милион долари на лото

Ана Ололовска

На италијанското лото извлечени 200 милиони евра

А1он

Момче од Висконсин освои 768 милиони долари на лото

Ана Ололовска

Добитник на лото по пет месеци дошол по своите 1,5 милијарди долари

Германец 20 години на лотарија играл исти броеви и освои 1,67 милиони долари

Ана Ололовска