Над еден милион евра е премијата на Лото 7 на Државна лотарија

Од:

Рекордни 62.000.000 денари или 1.000.000 евра носи 7-ката на играта Лото 7 на Државна лотарија, што е досега најголема сума што може да се освои во нашата земја.

Инаку, Државна лотарија започна со приредување игри на среќа на 23 април 2010 година, а првото коло на играта на среќа лото под име НовоЛото 7/34 се реализираше на 5 мај 2010 година. 

Првата седумка во играта НовоЛото 7/34 е постигната на 5.9.2011 година со вредност од 21.173.081,00 денари, а среќните броеви се уплатени во продажното место „Студио Гина“ во Битола. Оттогаш во лото играта, којашто во 2019 беше преименувана во ЛОТО 7, постигнати се вкупно 27 (дваесет и седум) седумки, а за седумка се славеше во различни градови: дванаесет пати во Скопје, петпати во Битола, двапати во Кичево, двапати во Куманово и по еднаш во Свети Николе, Тетово, Неготино, Струмица, во Кавадарци и во Кочани.

Во однос на вредноста на добивките со 7 погодоци досега постигнати се 11 добивки со гарантирана вредност од 6 000 000,00 денари и една со гарантиран фонд од 7.777.777,00 денари.  Сите други седумки се добивки коишто се над гарантираниот износ од страна на Државна лотарија. Најголемата премија досега е во вредност од 41.163.771,00 денари, а среќните броеви добитникот ги уплатил во продажното место ЈМБ Компани Визбегово во Скопје.

Фондот  за  7-ката којашто сега изнесува над 1  000  000 евра започна да се собира по освојувањето на  последната седумка којашто беше исплатена во декември 2022 година во Кичево, откога фондот за 7-ка во ЛОТО 7 постојано расте.

Секое наредно коло ќе го очекуваме новиот добитник на 7-ка кого го чека премија досега највредна и најголема во државата.

Нечии 30 денари, колку што чини една лото-кобинација, може да станат влог во комплетна промена на животот. Затоа не заборавајте да ги уплатите ваши среќни броеви и да ја искористите можноста од само 30 денари да дојдете до најголемата премија вредна над 1 000 000 евра и да станете најголемиот лото милионер во нашата земја.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Лотарија на дуото Груби- Бајрами за 13 месеци дава 19 милиони евра за апарати за коцкање

Стоилковски: Во само две недели Државна лотарија на ДУИ дала 12 милиони евра за апарати за коцкање

Европски сојуз за промена: ДУИ му дава тендер во вредност од четири милиони евра на српското подземје

Државна лотарија ги додели наградите од првата наградна игра „Биди ин“, регистрирај се на Мегавин

Горан Наумовски

Забавата започна со кампањата „Празнично дарување“ мега интерес за игрите на интернет-платформата мегавин.мк на Државна лотарија

BMW1 во Скопје, луксузни патувања за Дубаи во Тетово, Битола, Кривогаштани и Скопје, „МЕГАВИН.МК“ донесе среќа низ цела држава