Стоилковски: Лотарија на дуото Груби- Бајрами за 13 месеци дава 19 милиони евра за апарати за коцкање

Од:

Пријателот на Артан Груби, директорот на Лотарија Перпарим Бајрами вчера ги потврди договорите на Лотарија на ДУИ тешки 12 милиони евра за апарати за коцкање. Но, тоа што недостига од Лотаријата на ДУИ е одговор зошто во две недели во јануари, пред избори, се потребни договори од 12 милиони евра за машини за коцкање вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Тоа што Артан Груби и Перпарим Бајрами го забораваат а во системот на јавни набавки стои е дека од декември 2022 до декември 2023 Лотаријата на ДУИ има склучено 9 договори за машини за коцкање, сите по 500 апарати, значи вкупно 4.500 апарати, за речиси 7 милиони евра. Со договорите вредни 12 милиони евра од јануари годинава, тоа значи дека Лотаријата на дуото Груби- Бајрами за 13 месеци дава 19 милиони евра за апарати за коцкање. Уште колку договори и се потребни на Лотаријата на ДУИ пред избори. Почитувани СДС молчи и врти глава пред се за да ги домоли ДУИ за изборна коалиција. Дуото Груби- Бајрами до сега ја скандализираа Државна Лотарија во јавноста со владини уредби, со закуп на објекти од 2.5 милиони евра, со ангажирање на фирми со членови на УО на Лотарија, сега со 12 милиони евра за машини за коцкање, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Одложено e денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Сведок на судењето за „Државна лотарија“: Како членови на УО требаше да се изјасниме за набавката на ВЛТ терминалите, за постапката дознав по нејзиното завршување

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски