Стоилковски: Во само две недели Државна лотарија на ДУИ дала 12 милиони евра за апарати за коцкање

Од:

Државната лотарија водена од Перпарим Бајрами пулен на Артан Груби само во јануари дала неверојатни 12 милиони евра за терминали за приредување игри на среќа, 12 милиони евра за апарати за коцкање вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Екс шефот на кабинет на Груби, сега директор на Државна лотарија, на 4 јануари дава над 6 милиони евра за апарати за коцкање, на 11 јануари 11 милиони и 200 илјади евра, на 18ти јануари над 3.5 милиони евра за апарати за коцкање, или вкупно 12 милиони евра од 4 јануари до 18ти јануари. Во само две недели лотарија на пријателот на Груби дал 12 милиони евра за апарати за коцкање. Ова е резултат на молкот на институциите, ова е резултат на наведнатата глава на СДС, ова е резултат на разузданоста, неодговорноста, замислената недопирливост на Артан Груби и на ДУИ. Половина година предупредуваме на огромни скандали поврзани со Државна лотарија, со Перпарим Бајрами, со Управниот одбор на Лотарија, и вмешаност на Артан Груби и на ДУИ во тоа, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Одложено e денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски