ВИДЕО: Инфлуенсер фрли милион долари од хеликоптер: Луѓето се тепаа за парите

Од:

Чешкиот продуцент, актер, инфлуенсер и инвеститор Камил Бартошек, попознат по прекарот Казма, организираше лотарија со голема награда од еден милион долари, која ја ставил во контејнер под шифрирана брава.

Меѓутоа, откако не се огласи добитникот, тој одлучи да ја подели наградата со сите кои учествуваа во лотаријата со фрлање на милион долари од хеликоптер.

Во наградната игра учествуваа 100.000 натпреварувачи, кои во шест часот наутро добија мејл со потребните информации за локацијата каде ќе се фрлат парите од хеликоптерот.

За задачата да биде уште потешка, натпреварувачите морале прво да го дешифрираат испратениот код, за подоцна на закажаната локација да се појават 4.000 луѓе.

Луѓето кои се појавија на теренот почнаа избезумено да се грабаат за парите, а некои донесоа и чадори, за полесно да грабнат што повеќе пари.

Би можело да ве интересира

Над еден милион евра е премијата на Лото 7 на Државна лотарија

Камионџија добил три пати на лотарија за само 11 месеци

Постигната 7-ка во Кичево, вредна над 500.000 евра

Милиони Американци во надеж: Добивката на Мега милионс над милијарда долари

Предраг Петровиќ

Бонус игра за online учесниците на Лото 7 и Џокер овозможено од www.loto.mk

Ана Ололовска

Последното BMW X1 од бонус играта „Заврти еко скутер тркало“ ќе се вози низ Скопје

Ана Ололовска