А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Uncategorized

Бундесбанка предупредува дека е многу веројатно да има рецесија во Германија

by А1он22/08/2022 - 13:4022/08/2022 - 13:43602
Share0

Рецесија во Германија, најголемата економија во еврозоната, е сè поверојатна, а инфлацијата ќе продолжи да се забрзува и би можела да го достигне својот врв оваа есен – над 10 отсто, објави денеска германската Централна банка.

Следете a1on на Instagram Instagram

Со индустрија, која во голема мера е зависна од рускиот гас, Германија е меѓу најранливите европски земји на какво било нарушување на снабдувањето со енергија, а зголемените трошоци за гас веќе влијаат на производството и се очекува да се влошат.

„Падот на економското производство во зимските месеци стана многу поверојатен. Високиот степен на неизвесност околу испораките на гас оваа зима и наглото зголемување на цените веројатно ќе им наштетат на домаќинствата и бизнисите“, се вели во извештајот на германската Централна банка.

„Вкупно, стапката на инфлација би можела наесен да достигне 10 отсто. Ризикот од зголемување на инфлацијата е висок, особено во случај на целосен прекин на испораките на гас од Русија“, објави Бундесбанката. Ова го зголемува ризикот од брзо зголемување на платите, особено со оглед на рекордно ниската невработеност, која може да го продолжи периодот на висока инфлација преку спирала на раст на платите и цените, предупреди Бундесбанката.

Следете a1on на Youtube YouTube

ЕЦБ ги зголеми каматните стапки од рекордно ниските нивоа минатиот месец за да се бори против инфлаторните притисоци, но понатамошни зголемувања се речиси сигурни бидејќи не се подобрува ситуацијата во однос на изгледите за раст на цените.

Извор: МИА

bankabundesbankgermanijagermanska

Би можело да ве интересира

Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија

А1он28/10/2026 - 16:41

АфД бара укинување на Европскиот парламент и промена на еврото

Горан Наумовски22/10/2026 - 19:45

Захарова: Русија не се откажува од своето хуманитарно и културно присуство во Германија

Горан Наумовски13/10/2026 - 21:27

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ

Горан Наумовски13/10/2026 - 21:03

Мерц: Реформите ми се поважни од популарноста, не сакам да бидам миленик на нацијата

Горан Наумовски13/10/2026 - 18:57

Затворен аеродромот во Нирнберг поради вонредна ситуација во авион

Катерина Ѓуровски13/10/2026 - 13:2813/10/2026 - 14:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео